Натпревар во брзо местење на рубикова коцка во Скопје

317

За љубителите на рубиковата коцка, поточно за оние со брзи прсти овој викенд  ќе се одржува натпревар во брзо местење на рубикова коцка (speedcubing).
Сите заинтерсирани можат да се пријавуваат најдоцна до 31 јануари на овој линк:

https://www.worldcubeassociation.org/competitions/MacedoniaWinter2019

Натпреварите ќе се вршат на 2 февруари со почеток во 09:00 до 17:40 и во недела на 3 февруари од 9 наутро до 19:00 часот во хотел „Александар Палас“, Скопје.

-Цената за регистрација изнесува 200 денари доколку се пријавите онлајн најдоцна на 31 јануари, а наплаќањето ќе биде на самиот настан. Доколку не се регистрирате преку сајтот, можете да се пријавите на лице место на настанот, но цената ќе изнесува 250 денари и нема да ви биде загарантирано место, затоа регистрирајте се на време преку веб сајтот и имајте на ум дека местата се ограничени, велат организаторите.

Настанот ќе се одвива во 9 категории:
3×3 (Рубикова коцка)
2×2
4×4
5×5
Pyraminx
Skewb
3×3 One-Handed
3×3 Blindfolded
Megaminx

Macedonia Winter 2019 е подржан од светската кјубинг асоцијација – WCA и организиран од страна на Македонската Кјубинг Асоцијација.