Најмалку 10 луѓе загинаа во бродската несреќа во близина на Пукет

142

Тајлански нуркачи ги пребараа остатоците од бродот што вчера се преврте и потона во близина на тајландско одморалиште Пукет, а бројот на загинати се искачи на 10, додека 45 лица се водат како исчезнати.

На бродот имало 105 луѓе, меѓу кои 93 туристи од Кина, 11 членови на екипажот и туристички водич. Несреќата се случли кога бродот наишол на бранови високи до пет метри, при што се повредени најмалу 12 лица.

Во близина на брегот на Пукет вчера се преврти уште еден брод, од кој беа спасени сите 42 луѓе.

Тајланските власти вчера издадоа предупредување поради лошите временски услови кои ќе траат до вторник.

Двете бродски несреќи не се поврзани.