Најмалку 21 загинат во терористички напад во Колумбија

275

 

Најмалку 21 лице загина, а 68 се ранети во експлозија на авто-бомба во Колумбија, изјави локалната полиција.

Терористичкиот напад се случи во четвртокот во 9:30 часот по локално време, пред полициската академија во колумбискиот главен град богот.
Возачот на автомобило, кој се разнел е идентификуван како Хозе Алдемар (57). Ниту една од терористичките групи засега не презеде одговорност за нападот.

Колумбискиот претседател Иван Дуке се врати во главниот град од западот на земјата каде беше на состанок посветен на безбедноста и им нареди на безбедносните сили да ги најдат сторителите и да ги приведат пред правдата.

„Сите Колумбијци го отфрлаат тероризмот и се обединети за да му се спротивстави“, напиша на Твитер колумбискиот претседател.

Тој рече дека нападот „врз нивната младина, нивната слобода“ нема да помине неказнето и објави тридневна жалотс.

„Сив „хисан патрол“ пришол до полициската академија „Генерал Сантандер“ во која во тој момент се одржувала промоција за кадете. Кога стражарите се обиделе да го запрат возилото, возачот дал гас и удрил во ѕид, а потоа автомобилот експлодирал.

Во возилото се наоѓале 80 килограми експлозив. Хозе Алдемар немал криминално досие, а се проверува дали зад нападот стои Националната ослободителна војска (ЕЛН).