Најмалку 25 мигранти во сообраќајка во Мексико

400

Најмалку 25 централноамерикански мигранти загинаа, а десетици се повредени во Мексико, кога камион што ги пренесувал излетал од патот.

Возилото излетало од патот меѓу градовите Сојале и Чикоасена, во јужниот дел на сојузната држава Чиапас, која граничи со Гватемала.

Главниот обвинител во земјата рекол дека во несреќата најмалку 25 се загинати и 29 се повредени. Според информациите од властите, жртвите патувале во бел камион кој тежел околу 3 тони и немал регистарски таблички.

Фотографии од местото на несреќата го покажуваат камионот во бездна и рсфрлани тела насекаде. Сè уште не е јасно која е причината за несреќата.

Мигрантите кои преку Мексико патуваат кон САД, често наместо да одат пеш стопираат возила како камиони за да стигнат побрзо до целта.