„НАЈПОЗНАТАТА БУГАРКА“: Пенка е здрава и ќе живее!

287

Пенка, кравата на која и се закануваше кланица само затоа што излегла од границите на Европската Унија, сепак ќе живее, најавија бугарските власти.

Пенка стана позната во балкански рамки откако во мај таа одлутала кај селото Мазарачево, Ќустендилско и ја минала бугарско-српската граница, по што ја фатиле српски селани кои ја идентификувале по ознаките на нејзините уши. Нејзиниот сопственик Иван Харалампиев покрена јавна кампања за спас на Пенка, која требаше да биде усмртена за да се спречи евентуално ширење на заразни болести преку границата.

– Лабораториските анализи покажаа дека кравата којашто мина 15 дена во Србија па се вратила назад во Бугарија, е негативна на сите болести. Затоа, Пенка нема да биде усмртена, туку ќе се врати во своето стадо до крајот на седмицата, се вели во извештај на Бугарската агенција за безбедност на храната.

Животното потоа беше подложно на строгите правила на ЕУ за увоз на жива стока од трети земји.

За „најпознатата Бугарка”, како што на шега ја нарекуваат нејзините фанови, се расправаше и на брифинг на Европската Комисија.