НАЈПРЕФИНЕТАТА СВАДБА НА СВЕТОТ : Се омажи ќерката на сопственикот на „Зара“

156

Ќерката на милијардерот Амансио Ортега, шестиот најбогат човек на светот, Марта Ортега, стана невеста.  Таа го кажа судбоносното „да“ на Карлос Торета (35), на интимната церемонија која се одржала во семејната куќа во Галиција, по која следувала раскошна вечера за многубројните гости.

Богатство на нејзиниот татко се проценува на 63,8 милијарди долари, па можете да замислите каква раскошна свадба имаше.

Наследничката на кралството „Индитекс“ во чиј склоп се модните брендови „Зара“, „Бершка“, „Пул енд бер“, „Страдивариус“, „Масимо Дути“, „Ојшо“, „Зара хоум“ и „Утеркју“ во петокот впловила во брачните води, а тоа било вовед во викендот исполнет со славење и забава, кој вклучувал коктел забави и свечени вечери за гостите кои пристигнале од сите краеви на светот.

Русокосата 34-годишна Марта одбрала необична, но прекрасна венчаница со потписот на модната куќа „Валентино“, а младенците ги овековечил славниот фотограф Питер Линдберг.

Марта е најмладата од трите деца во фамилијата Ортего, а е вработена како сениор креативен консултант во „Зара“.