На втор ден Божик важно е кој ќе ви влезе прв во домот

75

Православните верници вториот ден Божик го прославуваат во чест на Пресвета Богородица, а третиот ден на Божиќ се одбележува како празник на Свети Стефан, првомаченик кој бил каменуван поради својата вера.

Положајник се нарекува лице кое прво ќе влезе во домот на Божиќ. Обично тоа е маж или машко дете. Тој на домаќините им честита Божиќ и со благослов им посакува добро здравје и успешна година. Симболично ги претставува мудреците кои ја следеле ѕвездата од исток и дошле на новородениот Исус на поклонение. Домаќинката потоа го послужува положајникот и го дарува со некој прикладен подарок. Тој е човек кој на Божиќ и за цела наредна година донесува среќа во домот.