НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Осамнаа интересни билборди за „Вардар“(ФОТО)

40

Европскиот, регионален и македонски првак, РК „Вардар“ се вклучи во кампањата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за подигање на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Пред неколку дена низ улиците на Скопје излегоа билборди со мотото: „Добредојдовте во земјата на шампионите возете одговорно“.

Па така при влез во нашата земја на сите гранични премини ќе ве пречекаат постери со истата порака на англиски и на македонски јазик, кои се наменети за информирање на странските посетители во чија земја доаѓаат и како треба да се однесуваат во собраќајот.