На новиот градоначалник на Солун полесно му е да каже Скопје или ФИРОМ ?

810

Константинос Зервас, новиот градоначалник на Солун, вели дека му е тешко да каже „Северна Македонија“ и претпочита северниот сосед да го нарекува Скопје или ФИРОМ.

Како што jавува дописничката на МИА од Атина, Зервас вели дека Пртеспанскиот договор е лош.

„ Сметам дека требаше да ги чуеме историјата и чувството на градот за некои прашања што се однесуваат на нашите односи со нашите северни соседи. Сметам дека Договорот од Преспа беше лош договор“, вели Зервас.

Во однос на спроведувањето на Договорот од Преспа, Зервас вели дека тие ќе работат за сѐ што се појавува во светот како „македонско“ да се однесува на Грција.