НЕВАДА: Заврши најлудиот фестивал на светот (ВИДЕО)

4811

Во пустината Блек Рок од 25 август до 2 септември се одржа најлудиот фестивал на светот „Burning Man“, каде дефилираа уметници и чудаци , а целиот град во пустината за еден ден исчезна без трага.

Уникатниот фестивал како и секоја година,  беше фантастичен и спектакуларен.

Првиот Burning Man фестивал се одржал во 1986 во организација на Лари Харви и Џери Џејмс и од тогаш традиционално во пустината во Невада се собираат сите последната недела во август до почетокот на септември.

Фестивалот го добил името по палењето на дрвена конструкција , што е дел од собирот. За да се учествува на овој фестивал треба да се издвојат најмалку 1 500 долари , а оние со најмногу креативност потрошиле и по 20 000 долари.

За време на одржувањето на фестивалот никнува цел град Блек Рок Сити , кој за десетиците илјади посетители делува утописки , како од друга планета.