Неизвесно кога ќе се спроведе договореното од лидерската средба

178

Собранието на Република Македонија синоќа не одржа седница како што беше најавено од кабинетот на претседателот Талат Џафери, на која треба да се спроведе договореното на лидерската средба за Законот за финансирање политички партии, за Законот за Влада и за избор на членови на ДИК.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата вчера по лидерската средба ја почна пострапката за избор на членови на ДИК со доставување на списокот кандидати кои се приојавија на огласот, до претседателот на Собранието Џафери, кој пак побара од партиите да се изјаснат кои кандидати ќе ги поссржат.

До полноќ иако најавуваа, формално список со свои канидати до кабинетот на Џафери не доставила опозициската ВМРО-ДПМНЕ со што не можеше да продолжи постапката за избор на членови на ДИК која треба да го спроведе референдумот за Договорот со Грција.

Според информациите од Собранието, причина за ова е неможноста работните групи на парламентраните партии до крај да се договорот за одредени членови што треба да се менуваат во Законот за финансирање на политичките партии и во Законот за Влада.

Официјално, никој од партиите не соопштува зошто не се одржа седница за да се изгласа она што беше договорено на лидерската средба. Нема

Заега нема најава како и кога ќе продолжи постапката. Се очекува разговорите за усогласување да продолжат, работните групи да завршат со работа за да може Џафери да закаже седница.

По вчерашната лидерска средба, премиерот Зоран Заев изјави дека иако нема договор за референдумот, ќе се почитува договореното за законите за влада односно и за финансирање на партиите, како и за изборот на ДИК.

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса вчера не се договорија за референдумот.