НЕКОЛКУ ДЕЦА СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА: Трета жртва од морбили – Почина 15-месечно бебе

495

Нова, трета жртва од морбили. Во Скопје утринава  починало 15-месечно дете,од тетовско. Детето било примено  со белодробни компликации откако претходно се заразило со мали сипаници. Информацијата за медиумите ја потврдуваат од Детската клиника.

Вчера Министерството за здравство информираше дека починало едно дете од Свети Николе, а претходно, за жал битката со морбилите ја изгуби и шестмесечно бебе.

Според информации од Детската клиника уште неколку деца се во критична ситуација.