Нема да ви се верува што планираат Русите да донесат од Месечината

450
Mesecina

Русија планира да направи повеќестепено летало за товарен транспорт, тежок лунар за екстракција на минерали и модули од месечината во периодот 2031-2035.
Претходно генералниот директор на “Роскосмос”, Дмитриј Рогозин изјави дека во текот на 2021 година се планира да биде испратена вселенска станица “Луна-25” на Месечината, во 2023 година – вселенски апарат “Луна-26” и во 2024 година – станица “Луна-27”.
Вселенската станица “Луна-25” ќе бара воден мраз на јужниот пол на Месечината и така ќе се тестира технологијата на меко слетување на природниот сателит на Земјата. Ова ќе биде првата руска мисија по 40-годишна пауза. Последната советска станица беше истрелана кон сателити на Земјата во 1976 година и се нарекуваше “Луна-24”.
Орбиталниот апарат “Луна-26” треба да одржи мапирање и далечинско истражување на површината на сателитот на Земјата. Станицата “Луна-27” треба да земе мостри од почвата на јужниот пол на Месечината и да ги истражуваат.
Во 2027 година се планира кон Месечината да се истрела станицата “Луна-28”, со која ќе се донесат на Земјата примероци од нискотемпературни почви од јужниот пол на природниот сателит, а во 2028 година да се испрати станицата “Луна-29 “со вселенско возило.