Нема сигурен лек за лекување на Ковид-19

83

Нема сигурен лек за лекување на заболените од Ковид-19, но научниците интензивно трагаат по соодветен третман, пренесува порталот Еуроњуз.

Докторот Дидие Раул од Универзитетскиот медицински институт во Марсеј смета дека евтиниот лек против маларија е ефикасен во лекувањето на Ковид-19. Своите тврдења ги темели на ветувачките резултати од неодамнешно истражување направено на мала група заболени, кои се третирани со хлорокин, лек против маларија.

Но, Мари-Пол Кини е една од многуте скептици во научната заедница и таа тврди дека засега нема црвсти докази дека хлорокинот (хидроксихлорокин) е ефикасен.

– Знам дека за тоа многу се зборуваше, и во Франција и на други места, за тврдењата на одредени истражувачи кои велат дека лекот функционира, дека овој лек ќе го спаси светот. Но, за жал, доказот дека хидроксихлорокин лекот е ефикасен е многу слаб, па дури и непостоечки, вели таа.

Она во што се согласуваат повеќемината, како што пренесува Еуроњуз, е дека не е направено доволно за да се спречи пандемијата на коронавирус по искуствата со епидемијата на САРС во 2003, а подоцна и МЕРС во 2012 година.