НЕСРЕЌА ВО С. ВАТАША: „Југо“ паднало во река, возачот тешко повреден

142
policija

Четириесетгодишен кавадарчанец со автомобил излетал од патот во селото Ваташа и паднал во реката.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 20.30 часот на улицата Страшо Пинџур во селото Ваташа, Кавадаречко, кога автомобил „југо“, со битолски регистарски таблички, управуван од Е.Б. (40) од Кавадарци, излетал од патот и паднал во реката.

Возачот добил повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци.