НЕСТОРОВСКИ ГО ФАЛИ ЕЛМАС: ТОЈ Е МНОГУ СИЛЕН, САКА ДА ЈА ОСВОИ ЗЛАТНАТА ТОПКА

235

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, го фали својот соиграч од националниот тим Елиф Елмас велејќи дека за три години сака да ја освои Златната топка, која им припаѓа само на најдобрите.

„Тој е многу силен. Има многу силен карактер. За да го објаснам, ќе ви кажам дека има цел да ја освои Златната топка во следните три години. Дали сега ви е јасно за какво момче станува збор?“, рече Несторовски.