Не е за НБА, сигурни сте? Мело со забивање ги замолче сите критичари (ВИДЕО)

273

Кошаркарите на Портланд трејл Блејзерс победија против Чикаго булс со 117-94, па така стигнаа до шестиот триумф сезонава, додека имаат и 12 порази.

Сепак, свое шоу синоќа имаше одличниот Кармело Ентони, кој по долго време се врати во НБА-лигата. За него многумина кажаа дека нема што да бара во најсилната лига во светот, но тој ги демантираше на одличен начин.

Мело го предводеше Портланд до нов триумф, па успеа да постигне 25 поени на мечот против Чикаго.

Критичарите зборуваа дека Мело е надвор од форма, па не може ниту да скокне како што треба, но тој со одлично забивање им порача дека далеку е од пензија.