НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ТРЕТИРАНА КАКО ЅВЕЗДА: Шарапова предивика револт кај колешките

157

Појавувањето на Марија Шарапова на Австралија Опен предизвика бурни реакции.

Русинката предизвика еден куп негативни коментари со појавата на теренот по издржувањето казната поради допинг, а многу од нејзините колешки рекоа дека не заслужува да биде третирана како ѕвезда, туку треба сама да заслужи да игра во еден или друг турнир.

Организаторите ја објаснија причината поради која ја поканија Шарапова.

Излегува дека, сепак, токму заради нејзиното блескаво минато, Марија е дел од овогодинешниот турнир.

– Едноставно сакавме да поканиме поранешен шампион, а таа ја истрпи казната и заслужи таква можност. Задоволни сме што таа веднаш ја прифати поканат“, објасни турнирскиот директор Крег Тајли.

Потсетуваме дека Серена Вилијамс и Викторија Азаренка нема да учествуваат во Австралија исамо Шарапова и Анџелик Кербер имаат триумфирано во Мелбурн, од сегашните учеснички во главната шема.