Не знаете како да ја прославите новогодишната ноќ? Еве добар предлог!

142
Romantika_kamin

Многумина уште пред неколку недели или месеци ја испланирале прославата на новогодишната ноќ, а вие се уште не знаете како да ја дочекате новата 2018 година со саканиот/саканата. Еве еден предлог.

Вечера, вино, новогодишна елка, каминот гори, а надвор паѓа снег. Звучи како сцена од романтичен филм, но ова и не е така неостварливо.

Викендиците надвор од населено место се совршени за ваква романтична нова година.

За да создадете совршена атмосфера на која никој не би ѝ одолеал направете го следново:

* Направете плеј-листа со своите омилени песни или со некои други добро познати љубовни песни. Уживајте во вашите омилени романтични звуци.

* Кога и да наздравите со чашите, без разлика дали тоа е шампањ или вино одвојте момент со партнерот да наздравите за заедничките желби и соништа кои сакате да ви се исполнат во новата година. Испијте го пијалакот во знак на иднината.

*Храната е силен афродизијак. Зачинетата храна ја забрзува циркулацијата и возбудува. Земете најразновидни апетисани и нежно поделете ги со партнерот.

Romantika_kamin

*Малите нешта се важни во животот. Убава испишана порака или чоколатце со најискрени желби. Мало, но слатко! Совршен подарок!

* 00:00 часот изгаснете ги светлата и земете ќебенце. Нема ништо поубаво од целовечерна прегратка со саканата личност. Најважно е да го цените времето поминато заедно. Ве очекува година со нови предизвици, нови проблеми, нови убави случувања. Направете и оваа година да биде посебна!