НЕ СЕ ПЕНЗИОНИРАМ, САМО ЧЕКОРАМ НАПРЕД: Последна ревија на Каролина Херера

189

Познатата модна дизјанерка, Каролина Херера, од Венецуела на Модната недела во Њујорк ја имаше својата последна ревија. Таа на 79 години одлучи да се тргне од модниот свет посветувајќи му се на семејството.

 

На нејзино место како директор на престижниот бренд го нанзначи на Вес Гордон, кој неодамна работел како консултант во нејзината компанија.

Фактот дека не ѝ е лесно да се тргне од она што сама со години го создавала и направила светски бренд говори и нејзината реченица дека таа ќе ја има улогата на глобален амбасадор на брендот.

– Не ми ја споменувајте пензијата. Не се пензионирам, само чекорам напред, искоментирала дизајнерката за Њујорк Пост.

 

Оваа вест ги шокираше модните кругови ширум светот кои не сакаат да ја прифатат оваа одлука на Херера.

каролина Кенеди

Модната куќа е основана во доцните 80-ти години на минатиот век. Брзо станува популарно модно катче за влијателни личности како Џеки Кенеди и Мишел Обама.