Нова причина зошто да ја посетите скопската ЗОО

632

Зоолошката градина во Скопје доби нов жител, односно утрово се роди Лука, син на гордата мајка Голди.

Зоолошката постојано се збогатува со нови животни, а и се доградуваат нови живеалишта.

Оваа не е прво бебе во зоолошката градина, а веројатно ќе има и многу други принови.

Зоолошката градина во Скопје е основана во 1926 година. Располага со 495 животни од 96 вида, и тоа цицачи, птици и влечуги. Зоолошката е отворена секој работен ден, од 9 до 18 часот.