НОВ НАПАД ВО СИРИЈА: Бомбардиран воен аеродром, загинаа најмалку 14 борци

320

Започна Трета светска војна, нов напад во Сирија, нови жртви … пишуваат корисниците на социјалните мрежи објавувајќи страшни слики од тоа како во моментов изгледа државата, по новиот напад кој се случи утринава.

 

Најмалку 14 борци меѓу кои и Иранци се убиени при бомбардирање врз воена база Т-4, односно воениот аеродром Тијас, кој се наоѓа во близина на градот Хомс, на сириската армија во централна Сирија, јави АФП, а пренесе и Би-Би-Си.

 

Засега не е јасно кој го извршил нападот. САД негираа дека се одговорни за нападот.

Ракетирањето се случува по наводниот хемиски напад во градот Дума , во кој загинаа десетици луѓе, меѓу кои и деца и жени.

Сирискиот центар за човекови права соопшти дека во базата имало руски и ирански сили како и борци на либански Хезболах кои се сојузници на сирискиот претседател Башар Асад.
САД, ЕУ, ОН и други држави го осудија нападот во Дума.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Безживотни тела со пена во устата, десетици лица загинаа при напад во Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итен состанок посветен на наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума.

Состанокот е закажан по барање на 9 од 15 членки на Советот: САД, Британија, Франција, Полска, Холандија, Шведска, Кувајт, Перу и Брегот на слоновата коска. Опозициските сириски активисти наведуваат дека силите на сириската влада во воздушен напад во саботата употребиле отровен гас од кои настрадале најмалку 40 луѓе. Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини сириските владини сили за нападот. Официјален Дамаск тоа го негира.

 

Лидерите на Франција и Соединетите Американски Држави, Емануел Макрон и Доналд Трамп се согласиле во телефонски разговор дека во нападот во сирискиот град Дума е користено хемиско оружје. Тие договориле соработка со цел да се покрене јасна одговорност за употреба на таквото оружје.Двајцата претседатели размениле информации и анализи кои потврдуваат дека во прашање било хемиски напад, соопшти Кабинетот на францускиот претседател.

Макрон и Трамп за два дена повторно ќе разговараат.