ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД МАСАКРОТ: Деца се кријат додека одекнуваат истрели (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

346
Поранешниот ученик Николас Круз, во средното училиште „Стоумен Даглас“ во градот Паркленд, уби 17 луѓе, а 20 се ранети. Си-би-ес објави снимка што ја направил еден од учениците во училиштето на Флорида во кое поранешен нивни соученик уби најмалку 17-мина.

Вознемирувачката снимка е направена со мобилен телефон во моментот на нападот, и брзо се рашири по социјалните мрежи.

На снимката се прикажани деца како се кријат во училница, додека во позадината одекнуваат истрели.