Ова е бојата на 2019 година (ВИДЕО)

244

Living Coral“ (Жив корал) е бојата на 2019 година!
Освежувачка, енергизирачка и позитивна, оваа нијанса е визуелен потсетник дека коралните гребени се засолниште на разнолик калеидоскоп од бои.
„Оваа боја е многу важна еден деликатен момент за животната средина, кога климатските промени им наштетуваат на коралните гребени“,објасни Лори Пресмен, потпретседател на Пантоне, во интервју на Асошиејтид прес

Инспирацијата се морските гребени, плажата Ројал Саут Бич во Мајами, небото на зајдисонце, заштитата на морскиот свет и коралите и актуелните политички случувања.
Одбраната нијанса од Пантоне дава важност на значајните прашања за еколошката средина во која живееме, ставајќи ја во преден план. А, светот на модата, убавината и дизајнот, преку изборот за 2019, секако ќе го вклучат алармот. Оваа боја лесно може да се примени во шминката како боја на кармин и лак за нокти, во ентериерот, мебелот и како боја на ѕидови, на женствени модни парчињаи и како тема за свадби, а веќе ја видовме во дизајнот на новиот ајфон и во колекцијата на Марк Џејкобс за пролет 2019.

Од Pantone сметаат дека овогодишниот избор ја симболизира „вродената потреба за оптимизам и радосна определба“ и „автентичните и извонредни искуства кои овозможуваат поврзување и интимност“, ова последново носи дополнителен акцент во културниот пејзаж во кој сè повеќе доминираат дигиталната технологија и социјалните медиуми.

Бојата на годината, која ја одредува Pantone, има големо влијание не само во модната и козметичката, туку и во сите други гранки на индустријата. Pantone е една од најголемите компании за производство на бои, а позната е по својот систем за стандардизација на боите.