ОВА Е ИЗБРАНИЧКАТА НА МАРКОСКИ: Уште еден ракометар „рипна во тавче“

470

Македонски ракометен репрезентативец, Никола Маркоски, викендов правеше свадба.
Дваесетиосум годишниот ракометар од Струга стапи во брак со својата долгогодишна девојка, екс ракометарката Ане Миленковска.

На фејсбук-страната „Фан страна на Ракометната репрезентација на Македонија“ пишуваат дека репрезентативниот пикер и нов член на Еурофарм Работник, Никола Маркоски вчера го потпишал својот животен договор.

– По тој повод му честитаме и му посакуваме среќен заеднички живот, низа незаборавни мигови и еден куп дечиња, пишуваат во честитката од фан страната.