Ова се термините за плеј-офот во АБА лигата

164

По победата на „Будуќност“ над ФМП, во последниот натпревар од лигашкиот сегмент на регионалната кошаркарска АБА лига, познати се термините за „плеј-офот“.

Во полуфиналето ќе се сретнат „Црвена ѕвезда“ – „Морнар“ и „Будуќност“ – Цедевита“, а првите натпревари ќе се одржат в недела на 18 март, во Белград и Подгорица.

Натпреварот помеѓу „Звезда“ и „Морнар“ ќе започне во 19 часот, а натпреварот во Подгорица почнува два часа подоцна.

Реваншите се закажани за 25 март во Бар и Загреб, а во евентуалните мајсторки би се играле на 31 март на теренот на „Црвена ѕвезда“, односно „Будуќност“.

Финалето на плеј-офот се игра во три победи, а првите две се 9 и 10 април. Следниот е на 12 април, а доколку има потреба за четврти или петти дуел датумите се 13 април и 15 април.