Овие пет општини утре ќе останат без струја

126
struja-sijalici

Електрична енергија поради технички зафати утре нема да имаат дел од општините Центар, Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Чучер-Сандево.

Како што соопшти РЦУК, од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе останат корисниците од дел од булеварот „Партизански одреди“, меѓу булеварот „8 Септември“ и улицата „Франклин Рузвелт“ и корисниците од дел од улиците „Каирска“, „Анкарска“, „Римска“, „Алжирска“, „Бахар Моис“, „Њуделхиска“, „Наум Евро“, „Дрезденска“, „Атинска“ и „Багдатска“ во Карпош, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од фирмите на „Качанички Пат“ и останатите објекти во нивна близина, како и корисниците од улиците бр. 8 и бр. 2 во Чучер-Сандево, од 08:30 до 15:00 часот корисниците од сите објекти во поранешната Стакларница и фирмите во нејзин склоп, од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата „Стив Наумов“ бр. 75 и бр. 61А во Гази Баба, а од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од улицата „Дебарца“ во Центар.