Одбележување на словенечкиот културен празник – Прешернов ден

142

Словенечкиот центар – Скопје и Амбасадата на Словенија вечер во Кинотеката на Македонија организираат одбележување на словенечкиот културен празник – Прешернов ден.

Одбележувањто ќе биде реализирано во соработка и со студентите по словенечки јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје, Женскиот младински хор при МКЦ, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен” – Скопје и со подршка на Бирото на словенечката Влада за Словенците во соседството и по светот.

Влезот за присуство на одбележувањето е слободен.

Франце Прешерн еден од најголемите словенечки поети. Тој словенечката книжевност со големината на својот талент ја воведе во европската литература.