Одбојкарите на Русија ја освоија Лигата на нациите

206

Руската одбојкарска репрезентација е победник на првото издание од Лигата на нациите.

Русите синоќа во финалниот дуел на турнирот во Лил, ја победија домашната селекција на Франција со максимални 3-0, по сетови 25:22, 25:20 и 25:23.

Европскиот шампион беше предводен од Максим Михајлов со 19 поени, додека Дмитриј Волков освои 13.

Третото место и бронзениот медал им припадна на Американците кои во „малото финале“ беа поуспешни од Бразил со 3-0 (25:21, 28:26 и 28:26).