Од 8:00 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, информира АМСМ. Сообраќајот на останатите патишта во државата се одвива непречено по влажни коловози. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

115

Легендарниот кошаркар Коби Брајант е погребан заедно со неговата ќерка Џиана на приватна церемонија во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми. Како што наведува „Си-Би-Ес Лос Анџелес“, погребот во Меморијалниот парк „Пацифик Вју“ во Корона дел Мар бил затворен за јавност и на него присуствувало само семејството на славниот член на лејкерси.

Погребот е извршен по две недели од трагичната несреќа и падот на хеликоптерот во кој, покрај Коби и Џиана, загинаа уште седум лица.

Јавната комеморација е закажана на 24 февруари во „Стејплс Центар“, датум што е симболично избран по бројот на дресот што Брајант го носеше во вториот дел од 20 годишната кариера. На неа ќе може да присуствуваат и навивачите кои ќе имаат прилика да му изразат последна почит на една од најголемите легенди на „езерџиите“.