Оливер Димитриоски е нов тренер на Прилеп

183

Оливер Димитриоски, е нов тренер на РК Прилеп. По решавањето на финансиските проблеми што го доведоа во прашање и настапот на прилепскиот клуб во Супер лигата, дојде до промена и на клупата.

РК Прилеп ја заврши соработката со Ице Соколески кој во иднина ќе му биде помошник на Илија Темелковски на клупата на Еурофарм Работник, а на негово место сега е ангажиран Димитриоски.