ОПРАВДАНО НЕ ИГРАШЕ ПРОТИВ „МАЛАГА“: Тато Меси доби син!

76
Mesi

Sвездата на „Барселона“, „Лионел Меси“, преку „Инстаграм“ потврди дека му се родил трет син – Чиро Меси, откако клубот претходно објави дека поради „лични причини“ тој ќе го пропушти гостувањето кај „Малага“.

 

– Добредојде Чиро! Фала му на Господ се мина во најдобар можен ред. И мајката и бебето се добро. Пресреќни сме, напиша Меси.

Освен ова на „Инстаграм“ се појави и фотографијата на која може да се видат фудбалерот и неговата сопруга Антонела Рокузо, но и двајцата постари браќа на Чиро, Тиаго и Матео.