Орбан: Ако падне Ердоган, паѓа сѐ, а тоа е целта на Сорос

216

Турција игра клучна улога во сопирањето на милионите емигранти на патот кон Унгарија и Европа, иако унгарската опозиција тоа не може или не сака да го сфати, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Сите обиди за отстранување на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе бидат во интерес на „емиграциските сили“, кажа унгарскиот премиер во интервју еден ден по посетата на Ердоган на Будимпешта.

„Поткопувајќи ги силата, рамнотежата, безбедноста и редот на Турција, проемиграциските сили сакаат да го остварат својот сон за тоа милиони емигранти да ја преплават Европа“, кажа Орбан додавајќи дека американскиот финансиер Џорџ Сорос ја зацртал таквата цел бидејќи тврди дека на Европа ѝ е потребен прилив од милион емигранти годишно.

„Сѐ додека Ердоган е на власт и Европа може да постигне договор со него, тој ќе ги отвори капиите кон Сирија, а не кон Европа. Сѐ до тогаш сме безбедни“, кажа Орбан.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган при посетата на Будимпешта кажа дека Турција ќе мора да ги отвори вратите кон Европа на сириските бегалци доколку Брисел не ѝ даде доволно поддршка на Анкара.