Охрид со втора победа на подготовките во Црна Гора, совладан и Партизан Тиват

611

Втората пријателска средба за ракометарите на Охрид донесе позитивен резултат. Македонскиот прволигаш го совлада Партизан Тиват со минимални 24-23.

Охриѓани имаа контрола над мечот, но на крајот во завршницата се опуштија и му дозволија на противникот да стигне до достоен пораз. Предноста на „гладијаторите“ достигна и до пет гола, но на крај триумфот беше изразен со минимална разлика.

Ова бепе втора контролка за Охрид во Црна Гора. На првата прославија победа над Будва, а претходно на домашен терен беше подобар од Вардар Неготино.

Составот на Раде Стојановиќ презимија на второто место со само еден пораз и единствено Металург има подобар есенски дел од „гладијаторите“.