Охриѓани вежбаа јога со Гордана Силјановска Давкова (ВИДЕО)

106

Откакко вчера јавно преку својот Фејсбук профил кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова ги повика охриѓани денеска да се соберат на кејот на Охридското Езеро за да вежбаат јога, утринава таа со полна пареа вежбаше јога.
Силјановска вежбите ги правеше заедно со инструктор, но и со нејзините поддржувачи. Таа по вчерашниот голем митинг кој се одржа токму во Охрид, градот каде ВМРО, секогаш ја започнува својата кампања, утринава реши да им овозможи на нејзините сограѓани утринска јога. Таа пред почетокот на вежбањето изјави дека цели четири години вежбала јога, но прекинала. За неа оваа активност е опуштање, филозофија на живеење и тренинг на духот.
Силјанова-Давкова на големиот митинг вчера вечер, порача на граѓаните дека иако се навредени и понижени, тие се храбри и не се предаваат. Силјановска Давкова вели дека во една од најсиромашните земји Македонија, за повеќе од 2 ипол години дури 26 министри ништо не сторија, единствената реформа е Преспанскиот договор и промената на името. Таа порача дека треба да победат на претседателските избори за да ја делегитимираат власта и се што тие сторија за овие две и пол години.Повикува заедно сите да отвориме пат за предвремени парламентарни избори.

Таа во својата кампања вети дека секој град од неа ќе види добро. Секаде ќе бидат поставени јавни библиотеки, од каде ќе може бесплатно да се позајмуваат книги.