Охриѓанка купувала со лажни пари

210

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишната С.И. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсикикување на пари“.

Од МВР велат дека пријавената на 1 и на 2 август во пекарница, во бутик и во градскиот трговски центар во Охрид пуштила во оптек три фалсификувани банкноти од 1.000 денари со идентичен сериски број, со што се стекнала со противправна имотна корист од 3.000 денари.