Падна договор: Наставниците ќе имаат зголемување на платите од 1 јануари

58

Падна договор меѓу СОНК и министерството за образование. Зголемување на платите за 10% ќе има од 1 јануари 2020, а не од април, како што нудеше Владата. Министерот за образование, Арбр Адеми по денешниот состанок рече дека со ова се враќа дигнитетот на професорската дејност.

СОНК вчера одлучи да го стави во мирување претходно најавениот штрајк, предвиден за понеделник, додека не се усогласат околу терминот за исплата на повисоки плати.

Од август 2018 до сега, платите во образованието беа зголемени за 10, 8% и со новите 10%, СОНК ќе се приближи до над 21% од бараните 25, кои ги темелат на истиот % на зголемување на минималната плата во државата, во последниве години. Поради неисполнетите барања, СОНК  одржа предупредувачки протест на 2 септември.