ПАДНА ДОГОВОР СО „АРСЕНАЛ“: Обамејанг ќе заработи 68 милиони евра

31

Голгетерот на „Борусија“ од Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг договорил трансфер во „Арсенал“ веден 68 милиони евра, објави „Скај Спорт“.

Преговорите меѓу двата клуба завршиле успешно, додека Габонац веќе се согласи со личните услови да оди во Арсенал, каде што ќе стане најскапо платен играч досега.

Борусија ја отфрли првичната понуда од 58 милиони и побара уште 10 милиони повеќе, на што лондонскиот клуб се согласил.

Пристигнувањето на Обамејанг во „Арсенал“ најверојатно значи и заминување на Оливие Жиру.

Во петте сезони поминати во „Борусија“ Дортмунд, Обамајанг постигна 141 гол. Се очекува тој да биде достојна замена за Алексис Санчез кој замина во „Манчестер Јунајтед“.