ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Моделите на „Шанел“ прошетаа низ магична шума во есен (ВИДЕО)

108

Кога е Карл Лагерфилд е во прашање гостите не гледаат само модна ревија туку вистинско шоу на кое е работено до најмалиот детаљ. Впрочем и самите тие се дел од бајковитата содржина која излегува од умот на овој дизјанер.

Овој пат моделите на „Шанел“ беа сегмент од една магична шума посипана со есенски шумливи лисја, прикажувајќи ја најновата колекција за сезона есен/зима 2018.

И гледајќи ги вака фотографиите ќе помислите дека Карл буквално ги однел сите во некоја париска шума, но не тоа е „Grand Palais” претворен во магично делче од природата.

Шумската идила не би била комплетна без твид плетките во комбинација со металик чизми.