ПЕНЕЗИЌ „РАСТУРА“: Ем ѕвезда на колото, ем дел од ТОП 5 голови (ВИДЕО)

10
andrea-penezic

Хрватската интернационалка во дресот на „Вардар“, Андреа Пенезиќ од страна на ЕХФ е избрана за една од трите ѕвезди на петтото коло во Лигата на шампионите.

Пенезиќ во саботата постигна девет погодоци во триумфот на „Вардар“ во Будимпешта над ФТЦ.

„Вардар“ останува единствен тим без пораз во групната фаза од елитното натпреварување.

Еден од деветте гола на Пенезиќ е избран и во ТОП 5 на колото.

Видео изборот на ЕХФ ТВ за трите ѕвезди на колото можете да го видите овде.