Пет совети како да го намалите прекумерното потење

708

Прекумерното потење е проблем со кој се соочуваат повеќето луѓе, особено во летниот период кога температурите се многу високи. Поради тоа ви даваме пет совети кои ќе ви помогнат да го намалите потењето.

1. НЕ ЈАДЕТЕ ЗАЧИНЕТА ХРАНА И НАМАЛЕТЕ ГО КОФЕИНОТ
Конзумирањето кофеин и зачинета храна може да ја поттикне работата на потните жлезди. Тие активираат невропреносник нарече ацетилколин, кој се наоѓа во нашиот мозок. Се што ги стимулира невропреносниците може да влијае и на жлездите и на потењето.

2. ЧЕСТО КОРИСТЕТЕ ДЕЗОДОРАНС
За најдобро да ја искористите предноста на дезодорансот, нанесете го попладне или навечер. Нивото на потење во текот на ноќта е најмало, па така состојките од дезодорансот имаат поголеми шанси да навлезат во порите и да го блокираат потењето наутро. Дезодоранс повторно може да нанесете и науто. Не се грижете за неговото миење при бањањето бидејќи состојките веќе се наоѓаат во вашата кожа.

3. НАНЕСЕТЕ ДЕЗОДОРАНС НА ТЕЛОТО
Нашите раце, стапалата, грбот и градите се подрачја каде што има голема концентрација на потни жлезди. Со нанесувањето на дезодоранс на тие места може да се намали прекумерното потење. Важно е да се знае дека на лицето и на интимните делови не смеете да нанесувате дезодоранс бидејќи тие се многу чувствителни на таков производ.

4. ВНИМАТЕЛНО БИРАЈТЕ ЈА ОБЛЕКАТА
Облеката која е направена од полиестер или свила не е најдобар избор во оваа ситуација бидејќи вашата кожа неможе доволно да диши. Поради тоа носете памучна облека, а доколку сакате да ги сокриете дамките пот носете облека во темна боја.

5. МЕНУВАЈТЕ ЈА ОБЛЕКАТА ЧЕСТО
Добра е идејата секој втор ден да ја менувате облеката.

Ако ви се потат стапалата користете детска пудра. Нанесете тенок слој на стапалата и на чевлите кои ќе ги носите.