„ПИРЕЛИ“ ЗА 2018 ГОДИНА: Алиса како црнкиња (ФОТО)

20
DUCKIE_THOT.jpg

„Алиса во земјата на чудата” низ призмата и објективот на фотографот Тим Вокер е годинашната тема на најпопуларниот календар „Пирели“ .Но уште поинтересно е тоа што годинава копмапнијата одлучи да ѝ стави екцент на црната боја на кожата, односно предност ѝ даде на афро-американската убавина.

Улогата на Алиса ја доби австралискиот модел со суданско потекло Даки Тот, а во споредни улоги, меѓу другите, се Наоми Кемпбел, Лупита Нјонго, Вупи Голдберг, Ру Пол, Џимон Хунсу и Брадер Лав, новото уметничко име на хип хоп пејачот Шон Комбс, односно Пи Диди.

„Важно е приказната за Алиса да им се раскаже на новите генерации. Нејзините авантури во Чудесната земја го отсликуваат светот во којшто живееме денес: пречките што треба да ги надминеме и идејата да се слават различности. Да се види црна Алиса значи дека децата од сите раси можат да ја прифатат идејата за различност од најрана возраст. Така учат дека убавината доаѓа во сите бои“, вели стилистот на календарот Едвард Енинфул.

Ова е голем пресврт во промовирање на календарот, доколку се потсетиме дека во изминатите години содржеше главно фотографии од разголени модели. Во 2015 година Ени Лејбович прикажа поинаква естетика, додека Питер Линберг минатата година ги претстави славните жени без шминка.

За првпат календарот „Пирели“ беше објавен во 1963 година.