ПЛУКНА ДЕВОЈЧЕ: Легендата на „Ливерпул“ со безобразен потег

98

Англиските медиуми обелоденија скандал предизвикан од поранешниот фудбалер на „Ливерпул“, Џејми Карагер кој плукна 14-годишно девојче.

Карагер кој работи како ТВ аналитичар на „Скај Спорт“, во саботата навечер по поразот на Ливерпул од „Манчестер Јунајтед“ враќајќи се со автомобил застана паралелно до друг автомобил во кој се наоѓаше 14-годишно девојче. Во еден момент таткото на девојчето го препознало легендарниот фудбалер и му викнал:

– Еј Џејми, беше 2:1, а Карагер возвратил со плуканица која завршила од страна на седиштето на кое седела 14-годишната ќерка.

– Тато, тој плука на мене, рекла девојката, која беше разочарана од таквиот примитивен гест на прочуен фудбалер.

Карагер подоцна се извини, а медиумите јавуваат дека тој се соочува со отказ од телевизијата за која работи.