Победа на Вардарки против „Будуќност“

182

Ракометарките на „Вардар“ на гостувањето во Подгорица го совладаа тимот на „Будуќност“ со 30:25.

„Црвено-црните“ уште во почетокот од натпреварот наметнаа темпо и во поголемиот дел се одржуваа во минимално водство.

Ова беше натпревар со многу голови, а двете екипи беа концентрирани на играта во нападот.

„Вардар“ на паузата замина со предност од три гола (12:15), но Будуќност во почетокот на вториот дел брзо дојде до израмнување од 15:15. Меѓутоа вардарки успеаа да ја вратат контролата над натпреварот и да стигнат до водство од четири до пет гола што го задржааа до крајот на мечот.

Значаен дел од победата на „црвено-црните“ има и одбраната на Суслина, која го затвори приодот кон голот на „Вардар“.

Натпреварот немаше резултатска важност за двата тима, но вардарки го потврдија веќе осигурано првото место, а Будуќност четвртата позиција на табелата за следната четвртфинална фаза во ЛШ.

Во четвртфиналето „Вардар“ ќе игра против дански Митјиланд.