ПОВРЕДЕНА Е: Мугуруза избори четвртфинале во Сиднеј и се откажа

25

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруса се пласира во четвртфиналето на турнирот во австралискиот град Сиднеј што се игра за награден фонд од 799 илјади долари, но подоцна го откажа своето учество поради проблеми со десниот бутен мускул.

Победничката од Вимблдон, на ВТА турнирот во Сиднеј настапуваше со специјална покана од организаторот. Таа денес ја победи Холанѓанката Бертенс со 6:3 и 7:6, но по дуелот изјави дека чувствува болки и се откажува, бидејќи не сака да ризикува дополнително пред почетокот на Грен слемот Австралија опен.

Така, следниот ривал на Шпанката, Дарја Гаврилова се квалификува во полуфиналето без игра.

Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн стартува в понеделник (15 јануари).