Повредени 13-годишно момче и возач во сообраќајка на патот Кавадарци-Неготино

102
soobrakajka

Автомобил излетал од патот Кавадарци-Неготино, двајца се здобиле со повреди во вчерашната сообраќајка, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Сообраќајната незгода се случила на излез од кавадаречкото село Марена. Патнички автомобил марка „даеву матиз“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Е.Ј.И.(37) од Неготино, излегол од патот, појаснува Додевски.

Притоа, со телесни повреди се здобил возачот на автомобилот и тринаестгодишниот сопатник од Неготино.