ПОДГОТВИ СЕ РУСИЈА: Европа ќе има нов смртоносен СУПЕРТЕНК

123

Експерти од Германија и Франција, инаку лути земји-сопернички во артилериската индустрија, со заеднички сили работат на нов проект, а тоа е до 2030 година да создадат високотехнолошки и добро вооружен супер-тенк.

Според порталот „К-Политика“, првичните информации покажуваат дека се работи, меѓу другото, за компанијата Рајнметал и нивната програма „Main Ground Combat System 2030+“. Станува збор за хибридна верзија, спој на тенковите „Леопард 2” и A-ем-икс-56 „Леклерк”.

Во првата етапа годинава, „Леопард 2” ќе добие основен систем разработен по концептот „дигитално јадро на куполата” (digital turret core system), а и систем за „активна заштита“ (Active Defense System – ADS).

Во втората етапа, оклопното возило ќе добие и топ со поголем калибар – од 130 милиметри, кој ќе биде и 50 отсто помоќен.

Во третата фаза, програмата предвидува привршување на првиот прототип на спојување на францускиот „Леклерк” и „Леопард 2”.