Познати тимовите за „Ол-стар“ мечот во Лос Анџелес

184

Познати се сите 24 играчи кои ќе настапат на ревијалниот „Ол-стар“ натпревар чиј домаќин годинава ќе биде „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.

Леброн Џејмс и Стеф Кари кои во изборот добија најмногу гласови, а со тоа улогите на капитени на двата тима ги одбраа своите соиграчи за „Ол-стар“ натпреварот.

За разлика од досегашните натпревари во кои играчите беа поделени според припадноста на екипите во кои играат, во Источна или Западна конференција, овојпат тоа нема да биде случај, бодејќи на Џејмс и Кари им е дозволено да бираат соиграч од било која екипа.

Така, Леброн Џејмс кој имаше право прв да бира, го одбра соиграчот на Кари од Голден Стејт, Кевин Дурант, кој заедно со Ентони Дејвис, ДеМаркус Казинс и Кајри Ирвинг.

Во „Леброн тимот“ ќе бидат и: Расел Вестбрук, Џон Вол, Ламаркус Олдриџ, Бредли Бил, Кевин Лав, Виктор Оладипо и Кристапс Порзингис

На спротивната страна покрај Стиг Кари почетната петорка ќе ја сочинуваат: Џејмс Харден, Демар Дероузан, Јанис Антетокумпо и Џоел Ембид.

На клупата на тимот на „Кари“ ќе бидат и: Дамјан Лилард, Џими Батлер, Клеј Томпсон, Кајл Лоури, Дрејмонд Грин, Карл Ентони Таунс и Ал Хорфорд.

Годинашниот „Ол-стар“ натпревар ќе се одржи на на 18 февруари.