Покетино: Само Кејн знае до кога ќе биде среќен во „Тотенхем“

137

Менаџерот на Тотенхем, Маурисо Покетино изјави дека голгетерот Хари Кејн е задоволен од статусот во клубот, но не сакаше да шпекулира околу иднината на врвниот напаѓач.

– Кејн е среќен во Тотенхем, но само тој што може да одговори на прашања во врска со неговата посветеност кон клубот на подолг рок, изјави Покетино.

24-годишниот Кејн потпиша нов договор со клубот до 2022 година, но неговиот поранешен соиграч од националниот тим на Англија, Вејн Руни за „Скај Спорт“ објави дека Кејн може да се размисли за својата иднина, ако Тотенхем не почне да освојува трофеи.

Интерес за Кејн досега покажаа повеќе екипи, меѓу нив и великани како што се Милан, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Челзи.