Полицискиот синдикат ги охрабрува пратениците да дадат поддршка и покажат зрелост за донесување на Предлог Законот за Агенција за разузнавање

85

Македонскиот полициски синдикат, кој преку свои делегирани преставници активно учествуваше во изготвувањето на новиот предлог Закон на Агенција за разузнавање во делот на унапредување на правата на вработените, условите за пензионирање, како и во делот на рамноправно изедначување со платите на вработените од сродните државни институции, како што се МВР, АНБ и ОТА, ги охрабрува пратениците во македонскиот Парламент да дадат поддршка и покажат зрелост за донесување на Предлог Законот за Агенција за разузнавање.
Со донесување на предлог законот за АР, се заокружуваат безбедносните реформи, како предуслов за влез на државата во НАТО и ЕУ, а воедно ќе се исправи долгогодишната неправда кон вработените во Агенцијата за разузнавање, кои конечно ќе можат да ги користат правата но и обврските кои се предвидени во предметниот закон.

Ви се заблагодаруваме на досегашната соработка и се надеваме дека оваа вест ќе ја лиферувате на вашите вести.